Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


Мелничко востание, 1895



Знамето на Мелничкото Востание
Мелничкото востание бил вооружен бунт во околината на Мелник во отоманска Македонија во текот на јуни-август 1895 година. Востанието било организирано од македонската емиграција и Врховниот Македоно-Одрински Комитет, којшто за време на Првиот Македонски Конгрес одржан во март 1895 година во Софија донесол решение да организира анти-отомански бунт.

Знамето на Мелничкото востание било: зелено платно врз коешто со беложолтеникав конец бил извезен мал крст, под него натпис СВОБОДА ИЛИ СМЪРТЪ и под него 1895.