Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


Мама Тоде учеше


(Песна за Тоде Бочварчето)
Мама Тоде учеше - во исполнение на Никола Бадев


Мама Тоде учеше:
„Седи, Тоде, не оди,
сношти дојде потера!“

Тоде мама не слуша,
си опашал сил'афот,
си наметнал мартинот.

Си наметнал мартинот,
си накачил планина,
тамо најде двамина.

Тамо најде двамина,
двамина ми овчари.
- Еј, овчари, чобани,
дал видовте кумити?

- Сношти беjа овдека,
рудо јагне печеја,
тебе ми те чекаја.

силаф (сил'аф, сиљаф) (турц.) - муниција, оружје.


Друга верзија на песната:

Мајка Тоде караше,
- Седи, Тоде, не оди, /2
не оди, Тоде, кумита.

Тоде мајка не слуша,
си наметна мартинот, /2
си опаша силафот.

Сношти дојде потера,
и за тебе прашаа:
- Дека ти е Тодето,
Тодето Бочварчето?

Се накачи в планина,
там си најде дружина, /2
дружина верна зговорна.


Тоде Бочварчето - роден во прилепските села, според некои извори во селото Радобил, бил четник во четата на Диме Чакре. На почетокот групата дејствувала како арамиска банда којашто ги напаѓала и ограбувала зулумџиите коишто го тормозеле мирното христијанско население низ прилепско, а подоцна почнала поорганизирано да се вклучува во револуционерната дејност.