Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


Малихери пукаја


(Песна за војводата Иванчо Карасулски)
Малихери пукаја - во исполнение на Бапчорки

Малихери пукаја, леле,
малихери пукаја,
малихери пукаја на Г`ндачо планина,
малихери пукаја на Г`ндачо планина.

Тој Јованчо војвода, леле,
тој Јованчо војвода,
тој Јованчо војвода на чукарка седеше,
тој Јованчо војвода на чукарка седеше.

На чукарка седеше, леле,
на чукарка седеше,
на чукарка седеше, заповед издаваше,
на чукарка седеше, заповед издаваше.

- Јуруш, браќа комити, леле,
јуруш, браќа комити,
јуруш, браќа комити, да ја ослободиме,
да ја ослободиме мајка Македонија!


Иван Карасулски
Иван Орџанов, познат и како Иванчо (Јованчо, Ванчо) Карасулски (Карасулијата, Гевгелиски) - роден во 1875 година во селото Карасуле, познато и како Ругуновец (Кукушко; Καρασούλι / Πολύκαστρο). Бил војвода на ВМОРО и ВМОК, учесник во Илинденското востание низ Гевгелиско и Ениџевардарско. За време на Илинденското востание, на 12 септември 1903 година, четите на Иван Карасулски и Апостол Петков воделе битка со турски аскер на врвот Г`ндач (Гандач) на Пајак (Πάικο) планина. Загинал заедно со својата чета на 21 март 1905 година во битка крај селото Лесково (Мегленско; Λέσκοβο / Τρία Έλατα).
Гого Киров
Гого Киров - роден во селото Карасуле, познато и како Ругуновец (Кукушко; Καρασούλι / Πολύκαστρο), бил војвода на ВМОРО, учесник во Илинденското востание. Загинал заедно со четата на Иванчо Карасулски на 21 март 1905 година во битка крај селото Лесково (Мегленско; Λέσκοβο / Τρία Έλατα).