Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


Македонско востание, 1878



Печатот на Македонско Востание, 1878
Македонското востание, познато и како Кресненско востание, било анти-отоманско востание дигнато на 17 октомври 1878 година во селото Кресна (Пиринско), а по ослободувањето на Кресна востанието се проширило и во Мелничко, Беровско, Царевоселско (сега Делчевско) и Валовиштко.

Не е зачувано знамето на востанието и не е познато како изгледало, но зачуван е печатот на востаничкиот штаб. На него стои натпис:
ПЕЧАТЬ НАЧАЛНЇК ЩАБА НА МАКЕДОНСКОТО ВОСТАНЇЕ 1878