Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


Лажи, лажи, стара бабо


(Песна за Гоце Делчев и Јане Сандански)
Лажи, лажи, стара бабо - во исполнение на Виданка Ѓоргиевска

Ја излези, стара бабо мори,
надвор до портите,
нешто да те прашам, бабо мори,
право да ми кажеш,
право да ми кажеш, бабо мори,
без да ме излажеш,
право да ми кажеш, бабо мори,
без да ме излажеш -
Ееј, кој ти беа, бабо мори,
сношти на вечера;
ееј, кој ти беа, бабо мори,
сношти на вечера?

Нел' ме прашаш, бегу море, бре,
право ќе ти кажам,
право ќе ти кажам, бегу море,
нема да те лажам -
Синојка имавме, бегу море,
многу добри гости,
многу добри гости, бегу море,
китени сватови,
ееј, китени сватови, бегу море,
девојче мажевме,
ееј, китени сватови, бегу море,
девојче мажевме.

Лажи, лажи, стара бабо мори,
бегот не се лаже!
Свадба не се прави, бабо мори,
во темни темници,
во темни темници, бабо мори,
без зурли, тапани,
во темни темници, бабо мори,
без зурли, тапани.
- Ееј, синојка имавме, бегу море,
многу добри гости...
- Ееј, многу добри гости, бабо мори -
Делчев и Сандански!