Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


Крушево абер пристигна


(Песна посветена на жените комити)
Крушево абер пристигна - во исполнение на Васка Илиева


Крушево абер пристигна:
- Кој има синои големи,
комити да ги испрати,
во тоа славно Смилево,
комити да ги испрати,
во тоа славно Смилево!

Стојан си немал синои,
Стојан си немал синои,
само си ја имал Тодорка,
Тодорка една на мајка,
Тодорка една на мајка,
Тодорка една на татко.

Тодорка на татко велеше:
- Купи ми пушка берданка
и една сабја френгија,
јас комита, татко, ќе одам,
јас комита, татко, ќе одам
во тоа славно Смилево.

А што беше лична Тодорка,
нарами пушка на рамо,
запаша сабја френгија,
три години комита шетала,
никој Тодорка не познал
дека е Тодорка девојка.