Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


Комитска мајка Султана


Комитска мајка Султана - во исполнение на Трио Гавровски, Тетово


Комитска мајка Султана, леле,
четири сина, море, родила.

Четири сина родила, леле,
с комитско млеко, море, доила.

Раснаја деца, станаја, леле,
свите на возраст, море, комитска.

Свите на возраст комитска, леле,
комитски чете, море, водеја.

Комитски чете водеја, леле,
со Гоце Делчев, море, војвода.

Со Гоце Делчев војвода, леле,
за мила Македонија.

Султана ДелчеваНикола ДелчевГоце ДелчевМилан ДелчевДимитар ДелчевХристо Делчев