Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


Кога с`нцето изгрева


Кога с`нцето изгрева - во исполнение на Ваташка Чалгија, Кавадарци


Кога с`нцето изгрева
од албанските шуми,
млад јунак со коњ излева
од железните врати,
млад јунак со коњ излева
од железните врати.

Турил седлото од месинг
и уздата од злато,
и со татковиот благослов
тој на коња се качил,
и со мајчиниот милослов
тргнал смело тој напред.

Збогом мајко, збогом татко,
збогом браќа и сестри,
јас отивам надалеко
'де се гине секој час,
кај куршуми, бомби грмат,
'де се гине секој час.


Единаесеттата пешадиска македонска дивизија била создадена во август 1915 година. Иницијатор за создавање на дивизијата било раководството на ВМОРО, а особено приврзаниците на Александар Протогеров. Во редовите на дивизијата се вклучиле голем број поранешни членови на ВМОРО и актуелни војводи, четници, голем број доброволци и луѓе од македонската емиграција во Бугарија. Бројот на војници и офицери изнесувал над 33.000 од сите делови на Македонија. Командир на дивизијата бил генералот Крсте Златарев од Охрид, началник на штабот Петар Дрвингов од Кукуш, како и бригадните командири Александар Протогеров од Охрид, Борис Дрангов од Скопје, Григор Ќуркчиев од Прилеп и други. Дивизијата функционирала како составен дел од војската на Бугарија.