Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


Ко ќе дојди та веселна пролет


Ко ќе дојди та веселна пролет - во исполнение на Воденки


Ко ќе дојди, ко ќе дојди,
та веселна пролет,
ајде, ко ќе дојди, стара мила мајко,
та веселна пролет.

Да наметнам, да наметнам
сива лепа гуна,
ајде, да наметнам, стара мила мајко,
сива лепа гуна.

Да наредам, да наредам
три редум патрони,
ајде, да наредам, стара мила мајко,
три редум патрони.

Да нарамнам, да нарамнам
пушка малихера,
ајде, да нарамнам, стара мила мајко,
пушка малихера.

Да излезам, да излезам
во гора зелена,
ајде, да излезам, стара мила мајко,
во гора зелена.