Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


Кичевјани, море, московјани

© ℗ Senator Records, Bitola Music All rights reserved - Buy this song at www.senator.com.mk

(Песна за војводите Павле Караасан, Јанаки Јанев и Пејчин Томоски)
Кичевјани, море, московјани - во исполнение на Билјан Стојаноски, Кичево

Кичевјани, море, московјани,
дал' видовте, море, кој помина,
кој помина, море, кој замина?

Поминаја, аго, заминаја,
комитите, аго, од Кичевско,
од Кичевско, аго, од Дебарско.

Први беше, аго, што врвеше -
кара Павле, аго, Лазоровче,
кара Павле, аго, Лазоровче.

Втори беше, аго, што врвеше -
кусо Наќе, аго, Лавчанчето,
кусо Наќе, аго, Лавчанчето.

Трети беше, аго, што врвеше -
калеш Пејчин, аго, Галичанец,
калеш Пејчин, аго, Галичанец.

Вечераја, аго, рудо јагне,
и пред зори, аго, заминаја,
заминаја, аго, за Смилево.

Заминаја, аго, за Смилево,
од Смилево, аго, за Крушево,
од Смилево, аго, за Крушево.

Ќе ми дигаат, аго, востание,
востание, аго, Илинденско,
востание, аго, Македонско.


Павле Гаврилов Караасановски, познат и како Павел Караасанов и Павле Караасан - роден во 1869 година во селото Лазарополе (Дебарско), бил војвода на ВМОРО, учесник во Илинденското востание.

Јанаки Јанев, познат како Наќе Лавчанчето и Наќе Кичевски - роден 1857 година во селото Лавчани (Кичевско), бил војвода на ВМОРО, делегат на Смилевскиот Конгрес, учесник во Илинденското Востание и во Балканските војни.

Пејчин Томоски - роден во селото Галичник (Дебарско) бил војвода на ВМОРО, учесник во Илинденското Востание.