Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


Кажи Јано



Кажи Јано - во исполнение на МФГ „Комитска Песен“ Коларово, Петрич

Кажи, кажи, Јано ле, не ме лажи,
дека ојде, кучко ле, твојто момче?
- Кат' ме питаш, аго ле, ке ти кажам -
мојто момче, аго ле, е комита!

- Мојто момче, аго ле, е комита,
чета води, аго ле, триста души,
пушките им, аго ле, малихери,
а патлаци, аго ле, нагантови.

- А, патлаци, аго ле, нагантови,
всеки носи, аго ле, по три бомби.
Та, не можеш, аго ле, да го фанеш,
да му режеш, куче ле, руса глава!

- Они терат, аго ле, твојта војска,
твојта војска, аго ле, еничарска.
С твојта војска, аго ле, еничарска,
бој да водат, аго ле, за слобода!


Константин Нунков
Константин Нунков - роден на 21 мај 1877 година во Чирпан (Источна Румелија) бил деец на ВМОРК и кумановски војвода на ВМОРО. Бил учесник во Мелчничкото востание од 1895 година и во Илинденското востание од 1903 година. Загинал во битка со турски аскер на 8 февруари 1905 година крај селото Кутлибег (Кумановско).