Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


Јанка низ гора врвеше


(Песна за Гоце Делчев)
Јанка низ гора врвеше - во исполнение на Добри Ставревски

Јанка низ гора врвеше
и на гората думаше:
- Горо ле, горо зелена...

- Горо ле, горо зелена,
нели го виде Гоцета
со седумдесет дружина?

Гората трае, не збори.
Како би гора зборела,
како би гора зборела!?

Кога би гора зборела -
не би ја секла секира,
нит' би ја стада газеле!


Јанка Герџикова
Јанка Герџикова (моминско Каневчева) - родена на 11 јуни 1878 година во Охрид, била деец на ВМОРО. Таа била љубовта на Гоце Делчев, но по неговата смрт се омажила за Михаил Герџиков, долгогодишен другар на Гоце и војвода на ВМОРО. Починала на 3 март 1920 година.