Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


Ја излези Ѓурѓо


(Песна за демирхисарскиот војвода Јордан Пиперката)
Ја излези Ѓурѓо - во исполнение на Аце Петковски


Ја излези, Ѓурѓо,
ја излези, сестро,
ја излези, Ѓурѓо, на пенџере,
ај, ја излези, Ѓурѓо, на пенџере.

Да ги видиш, Ѓурѓо,
да ги видиш, сестро,
да ги видиш, Ѓурѓо, комитите,
ај, да ги видиш, Ѓурѓо, комитите.

Како одат, Ѓурѓо,
како одат, сестро,
како одат, Ѓурѓо, ред по редум,
ај, ред по редум, Ѓурѓо, девет реда.

Напред оди, Ѓурѓо,
напред оди, сестро,
напред оди, Ѓурѓо, војводата,
ај, војводата, Ѓурѓо, Јордан Пиперка.

Право одат, Ѓурѓо,
право одат, сестро,
право одат, Ѓурѓо, за Прибилци,
ај, за Прибилци, Ѓурѓо, кај мудурот.

Да ја платат, Ѓурѓо,
да ја платат, сестро,
да ја платат, Ѓурѓо, вересијата,
ај, вересијата, Ѓурѓо, тригодишна.


Јордан Пиперката
Јордан Силјанов познат како Јордан (Ордан) Пиперката - роден на 23 јуни 1870 во село Козица (кичевско), бил војвода на ВМОРО, учесник во Мелничкото востание, делегат на Смилевскиот конгрес, учесник во Илинденското востание. Дејствувал како демирхисарски војвода низ кичевско, крушевско и битолско. Загинал на 10 август 1903 година паднат во турска заседа кај селото Цер (кичевско), погребан е во село Велмевци (демирхисарско).