Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


Ај, извикна Јана провикна


Ај, извикна Јана провикна - во исполнение на анс. „Билјана“, Охрид

Ај, извикна Јана, провикна,
извикна Јана провикна,
од високите чардаци,
од сребрените пармаци.

Oзгора идат војводи,
по нив ми одат комити.
На рамо - малихерите,
на појас - леворверите.

Ај, на појас - леворверите,
на појас - леворверите,
на гради - патрондашите,
на гради - патрондашите.

Ај, извикна Јана, провикна,
извикна Јана провикна:
- „Удрете, браќа, удрете!
Удрете не се боите!“

Ај, удрете, не се боите!
Удрете не се боите!
Овде не ви е Грција;
сега е котел в Турција.
Овде се бијат момчина,
момчина Македончина!


Верзија на песната запишана во 1923 година

Тука е Македонија

Викна се Јана провикна
од високите чардаци,
од сребрените пармаци:
- Удрете, браќа, пукајте,
Јавер-пашова дружина!
Овдека не е Грција,
овдека не е Србија,
тука е Македонија!

Викна се Јана провикна
од високите чардаци,
од сребрените пармаци:
- Удрете, браќа, пукајте,
Јавер-пашова дружина!
Овдека носат момите,
на појас реворверите;
тука е Македонија!