Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


Иване, костурски војвода


Песна за костурскиот војвода Иван Попов
Иване, костурски војвода - во исполнение на фолклорна група од Пиринско


Не ли ти омразна по Пирин да одиш,
Иване, костурски војвода?

Не ли ти е жално за старата мајка,
Иване, костурски војвода?

Мене ми е мајка Пирин планина,
дружино, гиди, верна, зговорна,
дружино, гиди, верна, собрана.

Не ли ти е жално за парвото либе,
Иване, костурски војвода?

Мене ми е либе тенката пушка,
дружино, гиди, верна, зговорна,
дружино, гиди, верна, собрана.

Не ли ти е жално за дребните деца,
Иване, костурски војвода?

Мене ми са деца дребните куршуми,
дружино, гиди, верна, зговорна,
дружино, гиди, верна, собрана.