Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


И ние деца сме на Македонија



И ние деца сме на Македонија - во исполнение на Сашо Гигов - Гиш

И ние деца сме на мајката земја,
на мајката земја, на Македонија,
на нашата земја, на Македонија.

И ние имаме право да живееме
како и другите живот што живеат,
а ние страдавме, гладни умиравме.

Живот не жалевме, младост си дававме,
за наши правдини смели умиравме,
парола имавме - смрт или слобода!

И ние деца сме на мајката земја,
на мајката земја, на Македонија,
на нашата земја, на Македонија.

Живот не жалевме, младост си дававме,
за наши правдини смели умиравме,
парола имавме - смрт или слобода,
смрт или слобода за Македонија!