Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


Големо чудо станало (Кривени)


(Песна за ресенските војводи Геро Ресенски и Јонче Трајков)
Големо чудо станало (Кривени) - во исполнение на анс. Ресенчани, Ресен


Големо чудо станало
во това село Кривени,
во това село Кривени,
најгоре кај тој Недана.

- Еj, море дете, ќерата,
овде ли има комити?
- Да не си нешто постранал
оти сум младо свршено,
оти сум младо свршено
в недела ми е свадбата.

- Отвори, Недан, кералот
да ти видиме гостите,
гостите Јонче крушјанче
и тој ми Геро војвода!

Уште зборот недоречен,
пукна ми пушка од Гера,
удри го Мале онбаши
Малета ем Имамчета.

- Еј, море, Геро војвода,
теслим стори ја пушката,
теслим стори ја пушката,
тебе те царот попросил!

- Еј, море, Мале онбаши
јас тебе теслим пушката,
јас тебе теслим пушката,
ти мене теслим главата!
Јас тебе теслим пушката -
ти мене теслим главата!

керал (килер) - изба; помала просторија во куќа за чување храна, облека и други предмети
онбаша (онбашија) - чин десетар во отоманската војска
теслим (турцизам) - предавање, отстапка


Геро Ресенски - роден во селото Кривени (Ресенско) бил ресенски војвода на ВМОРО, учесник во Илинденското востание. Заедно со Митре Влашето водел борба и против грчките андартски чети. Загинал на 3 февруари 1905 година во селото Кривени кога тој и неговата чета биле опколени од отомански аскер во куќата на Недан. Во неговата чета бил и војводата Јонче Трајков.
Јонче Трајков - роден во 1880 година во селото Горно Крушје (Ресенско) бил ресенски војвода на ВМОРО, учесник во Илинденското востание, брат на војводата Крсте Трајков. Загинал на 3 февруари 1905 година заедно со четата на Геро Ресенски во селото Кривени во борба со отомански аскер.
Крсте Трајков познат како Ресенски и Крсте Војвода - роден во 1856 година во селото Горно Крушје (Ресенско) бил ресенски војвода на ВМОРО, учесник во Илинденското востание во битките во преспанскиот регион, учесник во Балканските војни, деец на ВМРО. Починал во 1943 година во Ресен.