Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


Пушка пукна


(Песна за прилепските војводи Ѓорги (Гога) Ацев и Петар Ацев)
Пушка пукна - во исполнение на „Весели прилепчани“, Прилеп


Ајде, пушка пукна, бре џанам,
пушка пукна,
ајде, пушка пукна, бре џанам,
горе в планина.
Пушка пукна горе в планина!

Ајде, ми го удри, бре џанам,
ми го удри,
ајде, ми го удри, бре џанам,
баш јунако.
Ми го удри баш јунако!

Ајде, баш јунако, бре џанам,
баш јунако,
ајде, баш јунако, бре џанам,
Ѓорги Ацев.
Баш јунако Ѓорги Ацев!

Ајде, викна-писна, бре џанам,
викна-писна,
ајде, викна-писна, бре џанам,
Ѓорги Ацев.
Викна-писна Ѓорги Ацев!

Ајде, кој ќе ја носи, бре џанам,
кој ќе ја носи,
ајде, кој ќе ја носи, бре џанам,
мојата пушка.
- Кој ќе ја носи мојата пушка?!

Ајде, нека ја носи, бре џанам,
нека ја носи,
ајде, нека ја носи, бре џанам,
Петре Ацев.
Нека ја носи Петре Ацев!

Ѓорги (Гога) Ацев - роден во мај 1883 во Ореовец, прилепско, бил прилепски војвода на ВМОРО, брат на војводите Мирче и Петар Ацеви. Учествува во акции против османски, андартски и српски чети. На 25 јуни 1906 при судир со србоманската чета на Григор Соколовиќ - Љаме кај планината Даутица е тешко ранет. За да не падне жив во рацете на непријателот сам се убива.

Петар Ацев - роден на 7 јуни 1877 во Ореовец, прилепско, бил прилепски војвода на ВМОРО, учесник на Смилевскиот конгрес. После Илинденското востание учествува во различни акции, а во 1907 учествува во крвавата Битка на Ножот. Учествува во Балканските војни и Првата светска војна, а покасно е член и претседател на Илинденската организација. Починал на 20 април 1939 во Пловдив.