Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


Го фанале јаничари


Песна за Гоце Делчев
Го фанале јаничари - во исполнение на женски вокален секстет


Го фанале јаничари
едно моме од селото,
едно моме најубаво, најубаво, /
најубаво во селото. /x2

Му врзале двете раце,
двете раце наопаку,
му врзале двете раце, двете раце, /
двете раце наопаку. /x2

- Кажи, кажи, лично моме,
кај се крие Гоце Делчев,
кажи, кажи, лично моме, лично моме, /
кај се крие Гоце Делчев? /x2

- И да умрам, да загинам,
јазе Гоце не кажувам,
и да умрам, да загинам, да загинам, /
јазе Гоце не кажувам! /x2.