Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


Црно му било пишано


(Песна за леринскиот војвода Александар Турунџев)
Црно му било пишано - во исполнение на Никола Бадев

Црно му било пишано
на Александре Турунџев -
шеснајс-годишен војвода,
на седумнајста го фанаја.

Го турија во зандани,
во тија тесни долапи;
чифте белегзии на раце
и дробен синџир на гуша.

Телеграм дојде од Стамбол
за Александре Турунџев -
да си ја види невестата
и своите дробни дечиња.

Го изведова Ат-пазар,
му ја кажаја бесилката.
Сето се в Битола расплака
за Александре Турунџев.


Александар Турунџев
Александар Турунџев, познат и како Алексо Турунџов - роден во 1872 година во Леринското село Горно Врбени (Екши Су, Ξινόν Νερόν) бил лерински војвода на ВМОРО, учесник во Илинденското востание. Кон крајот на 1904 година бил предаден во селото Ајтос (Леринско), заробен од Отоманците и затворен во Битолскиот затвор, каде што поминал една година во жестоки измачувања. На 29 август 1905 година бил јавно обесен во Битола на Ат-Пазар.