Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


Бре, не ми оди из Неврокопско


(Песна за војводите Стојан Малчанков, Димитар Гуштанов и Атанас Тешовски)
Бре, не ми оди из Неврокопско - во исполнение на фолклорен ансамбл од Пиринско


Бре, не ми оди из Неврокопско,
де гиди, Али чауш, бре!
Деи, деи, де гиди, Али чауш, бре!

Че тамо има дор' три пусии,
де гиди, Али чауш, бре!
Деи, деи, де гиди, Али чауш, бре!

Првна пусија - Стојан Малчанков,
де гиди, Али чауш, бре!
Деи, деи, де гиди, Али чауш, бре!

Втора пусија - Димитар Гуштанов,
де гиди, Али чауш, бре!
Деи, деи, де гиди, Али чауш, бре!

Трета пусија - Атанас Тешовски,
де гиди, Али чауш, бре!
Деи, деи, де гиди, Али чауш, бре!!

Бре, не ми оди из Неврокопско,
де гиди, Али чауш, бре!
Деи, деи, де гиди, Али чауш, бре!



Стојан Малчанков
Стојан Малчанков (М`лчанков), роден во 1875 во родопското село Скребатно (неврокопска околија), бил учител и пирински војвода на ВМОРО, учесник во Илинденското востание, осуден од Турците на доживотен затвор и амнестиран во 1911. Сè до 22 април 1920 бил политички и револуционерно активен кога бил убиен по наредба на Тодор Паница.
Димитар Гуштанов
Димитар Гуштанов, роден во 1876 во селото Крушево (серско), завршил студии во Лозана, Швајцарија, а потоа се вклучил во револуционерното движење. Бил учител, инспектор на чети и драмски војвода на ВМОРО, близок соработник на Делчев. Загинал во борба со отомански аскер на 4 мај 1903 кај селото Баница, заедно со Гоце Делчев.
Атанас Шабанов - Тешовалијата
Атанас Шабанов - Тешовалијата, познат и како Тешовски, роден во 1866 во село Тешово (марвашко, неврокопско), бил неврокопски војвода на ВМОРО, учесник во Кресненското и Илинденското востание. Го бранел својот крај од отомански аскер, башибозук и грчки андарти. Загинал на 25 мај 1905 во нерамна битка со отомански аскер кога неговата чета паднала во заседа на планината Али-ботуш.
Али чауш бил турски водач на разбојничка банда која го тероризирала населението низ пиринско.