Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?

Браче ле Божине

Песна за Јордан Пиперката
Браче ле Божине - во исполнение на групата „Бисер", Демир Хисар

Браче ле, браче, Божине,
ноќеска сон сум сонила,
на сон го видов Јордана,
на бела коња јаваше.

На бела коња јаваше,
со црна роза доземи,
со црвен појас запашан,
Версконо поле шеташе.

Браче ле, браче, Божине,
в темнина тој е загинат,
в темнина тој е загинат,
в Церсконо поле на џаде.

Браче ле, браче, Божине,
собери мало - големо,
ај д`ојме да го бараме,
гробнина да му знаеме.

Божин Силјанов Ангелов - брат на Јордан Пиперката
Јордан Пиперката
Јордан Силјанов познат како Јордан Пиперката - роден на 23 јуни 1870 во село Козица (кичевско), бил војвода на ВМОРО, учесник во Мелничкото востание, делегат на Смилевскиот конгрес, учесник во Илинденското востание. Дејствувал како демирхисарски војвода низ кичевско, крушевско и битолско. Загинал на 10 август 1903 година паднат во турска заседа кај селото Цер (кичевско), погребан е во село Велмевци (демирхисарско).

Песна за Јордан Пиперката
Браче ле Божине - во исполнение на Миле Миладиноски, Кичево

Браче ле, море, Божине,
ноќеска сон сум сонила,
ноќеска сон сум сонила,
за тој брата ти Јордана.
Браче ле, море, Божине,
в темнина тој е загинат,
в темнина тој е загинат,
в Церсконо поле на џаде.

Браче ле, море, Божине,
собери мало и големо,
собери мало и големо
што може пушка да носи.
Браче ле, море, Божине,
ај д`ојме да го бараме,
стамнина да му на'име,
гробнина да му пра'име.

Браче ле, море, Божине,
ај д`ојме да го бараме,
стамнина да му на'име,
гробнина да му зна'име.
Невесто, млада невесто,
оттаму сега си идам,
Јордана си го најдовме,
гробнина му направивме.