Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


Ајде, пушки пукат


(Песна за војводата Јордан Пиперката)
Ајде, пушки пукат - во исполнение на Јонче Христовски


Ајде, пушки пукāт, оган горит,
ајде, оган горит од Јордана.
Море, од Јордана Пиперката,
море, од Јордана капидана.

Тој славен јунак од Козица,
тој голем син на Македонија. x2

Ајде, на Јордана бели бечви,
море, бели бечви, бел џамадан.
Јордан ми одит нависоко,
пушка ми држит нашироко.

Тој славен јунак од Козица,
тој голем син на Македонија. x2

Море, кајшто пукнит, сè погорит,
ајде, до кај одит - душман бегат.
Море, најпо'еќе спахиине,
море, спахиине, солуњанине.

Тој славен јунак од Козица,
тој голем син на Македонија. x2

Ајде, каде одат аскер водат,
море, од стра'ови Јорданови.
Ајде, од Јордана оган горит,
море, од Јордана срце болит.

Тој славен јунак од Козица,
тој голем син на Македонија. x2


Јордан Пиперката
Јордан Силјанов познат како Јордан Пиперката - роден на 23 јуни 1870 во село Козица (кичевско), бил војвода на ВМОРО, учесник во Мелничкото востание, делегат на Смилевскиот конгрес, учесник во Илинденското востание. Дејствувал како демирхисарски војвода низ кичевско, крушевско и битолско. Загинал на 10 август 1903 година паднат во отоманска заседа кај селото Цер (кичевско), погребан е во село Велмевци (демирхисарско).