Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


Абер ми дојде од Солуна града


(Песна за Гоце Делчев)
Абер ми дојде од Солуна града - во исполнение на „Бански старчета“


Абер ми дојде од Солуна града,
абер ми дојде од Солуна града,
од Солуна града, џенам, до Гоце Делчев,
од Солуна града, џенам, до Гоце Делчев.

Телерино рука: Слези, Гоце, слези,
турскио паша конче ти купува,
конче ти купува, џенам, за илјадо гроша,
конче ти купува, џенам, за илјадо гроша.

А, Гоце му вели, вели ем говори,
а, Гоце му вели, вели ем говори:
Две илјади давам, џенам, конче си не давам,
конче си не давам, џенам, оти с`м комита!