Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


Абер ми дојде од Гоце Делчев



Абер ми дојде од Гоце Делчев - во исполнение на Бапчорки

Абер ми дојде од Гоце Делчев,
од Гоце Делчев за султана:
Абре султане, султан Мехмеде,
ослободи ја Македонија,
да не се лее крв до колена!

- Педа не давам од таја земја,
нека се лее крв до колена,
педа не давам од таја земја,
дур не се лее крв до колена!

Втори абер дојде од Сандански,
од Сандански за султана:
Абре султане, султан Мехмеде,
ослободи ја Македонија,
да не се лее крв до колена!

- Педа не давам од таја земја,
нека се лее крв до колена,
педа не давам од таја земја,
дур не се лее крв до колена!

Трети абер дојде од Питу Гули,
од Питу Гули за султана:
Абре султане, султан Мехмеде,
ослободи ја Македонија,
да не се лее крв до колена!

- Педа не давам од таја земја,
нека се лее крв до колена,
педа не давам од таја земја,
дур не се лее крв до колена!

Ако не ослободиш Македонија,
јас ке ти дојдам в града Стамбола,
и ке ти влезам в твојте хареми,
ке ти откријам сите ануми.

- Педа не давам од таја земја,
нека се лее крв до колена,
педа не давам од таја земја,
дур не се лее крв до колена!