Dear EU visitors, this website uses cookies. If you're not okay with that please leave this website. What are cookies?


Абер дојде во Прибилци


(Песна за војводата Јордан Пиперка)
Абер дојде во Прибилци - во исполнение на групата „Демирхисарски Бисери“, Демир Хисар

Абер дојде во Прибилци,
во Прибилци кај мудурот,
абер дојде од Јордана /
за Мукета Сулејманов. / x2

Абре, Муке ефендијо,
да ми купиш два манѕера,
да ми купиш два манѕера, /
два манѕера, еден нумер. / x2

Испрати ги Сапотница,
испрати ги Сапотница,
Сапотница кај Велета, /
кај Велета, Абедина. / x2

Абре, Јордан, бре Пиперка,
абре, Јордан, млад војвода,
дај ми мувлет седум дена,
дур да појдам во Битола,
дур да појдам во Битола,
во Битола во Дебојон.


мувлет (турски mühlet) - рок, одреден временски период: англиски deadline
манѕер е народно име за вид на пушка со којашто располагала отоманската армија, со официјално име Mauser Gewehr 98 (7,92x57mm) позната и како маузер, мавзер.



Јордан Пиперката
Јордан Силјанов познат како Јордан (Ордан) Пиперката - роден на 23 јуни 1870 во село Козица (кичевско), бил војвода на ВМОРО, учесник во Мелничкото востание, делегат на Смилевскиот конгрес, учесник во Илинденското востание. Дејствувал како демирхисарски војвода низ кичевско, крушевско и битолско. Загинал на 10 август 1903 година паднат во отоманска заседа кај селото Цер (кичевско), погребан е во село Велмевци (демирхисарско).